Најголемата хемиска компанија во светот се сели во Кина

152

Најголемата хемиска компанија во светот, BASF, очекува огромен раст на својот бизнис во Кина, каде што сега генерира 13 проценти од вкупната продажба.

Тоа приближно одговара на дел од приходите од работењето во Германија, изјави извршниот директор на компанијата Мартин Брудермилер за весникот Рајнпфалц во петокот. До 2030 година, BASF планира продажбата во Кина да достигне 20 проценти.

„Бизнисот е многу профитабилен. Растот на пазарот таму и актуелниот бизнис значат дека BASF ќе профитира повеќе“, рече Брудермилер.

„Затоа, меѓу другото, решивме да инвестираме“, додаде тој.

Кина е најголемиот хемиски пазар во светот – сочинува половина од глобалниот пазар.

„Ќе продолжи да расте, и многу посилно отколку во сите други региони“, рече Брудермилер. За БАСФ во Кина, додаде тој, шансите се поголеми од ризиците.

Во јужната кинеска провинција Гуангдонг, BASF гради нова огромна фабрика во која до 2030 година ќе инвестира околу 10 милијарди евра.