Најголемата кипарска авиокомпанија пред банкрот

31

cyprus airwaysСајпрус Ервејз најголемата авио компанија од Кипар, е пред банкрот и итно и се потребни околу 17 милиони евра за да може да продолжи да функционира, се вели во британскиот весник Сандеј Тајмс.

Како што се наведува во Тајмс, минатата година Сајпрус Ервејз остварил загуба од 55,8 милиони евра и добил помош од Владата на Кипар во износ од 73 милиони евра. Исто така во јануари годинава властите во Никозија на авиокомпанијата и доделиле уште 31,3 милиони евра помош.

За да добие помош од Европската комисија, еден од условите што Кипар мора да ги исполни е изработка на план за преструктуирање на Сајпрус Ервејз.

Во мај минатата година Еврокомисијата започна истрага со цел да утврди дали со доделувањето средства на Сајпрус Ервејз, Кипар ги прекршил правилата на ЕУ за државна помош и субвенционирање на авиокомпаниите.