Најголемата куќа вреди милијарди, живее четиричлено семејство, а ја одржуваат 600 лица

283

Најголемата приватна куќа во светот е изградена во 2010 година и се наоѓа во Мумбај, Индија. Куќата којашто ја носи титулата најголема на светот, наречена Antilia е солитер со 27 ката, чија површина изнесува 37.161 метри квадратни.

Куќата ја користи четиричлено семејство, а за секојдневно одржување се грижат 600 луѓе.

Аntilia не е само најголем дом на светот, туку е и најскапиот. Нејзината вредност се проценува на повеќе од милијарди долари.

Дизајнот е на Perkins and Will од Чикаго, висока е 167 метри и 27 ката со многу високи плафони. Кога би се земала предвид висината на просечен плафон, оваа зграда би можела да има 60 ката.

На кровот има доволно простор за слетување на три хеликоптери, под кровот има кат за контрола на летање, следи станбениот дел, а потоа катовите наменети за персоналот кој се грижи за одржување. Има катови со апартмани за гости, базен, спа, отворени градини, кино со 50 седишта, а најдолу се катовите кои се користат како гаража во којашто може да се паркираат 200 автомобили.

Antilia може да издржи земјотрес до осум степени по Рихтер.

Фото: YouTube / Printscreen