Најголемата нордиска економија веројатно ќе падне во најголемата рецесија

121

Најголемата нордиска економија веројатно ќе падне во најголемата рецесија во поновата историја, пишува Bloomberg, бидејќи пандемијата на коронавирус може да направи поголема штета отколку финансиската криза во 2008 година.

Шведскиот БДП, според аналитичарите од Swedbank, годинава ќе падне за 4%. Но, ако економскиот шок резултира со бран банкроти на компании, тој пад би можел да достигне дури 8%. Во исто време, невработеноста се очекува да се зголеми за 10% во наредните неколку месеци.

Овие предвидувања јасно ја покажува брзината на ширење на вирусот што го сврте светот наопаку.

Во јануари, Swedbank предвиде раст од 1,4% во шведската економија оваа година. Но, со блокадата на глобалната економија, скандинавската земја која е зависна од трговија се соочува со рецесија  која ќе биде поголема и побрза од финансиската криза, велат аналитичарите од Swedbank.

Фото: Pixabay