Најголемата руска банка ќе отпушта 30.000 вработени

20

sberbankСбербанк, најголемата руска банка планира да отпушти 30.000 вработени во следните пет години, што претставува околу 10% од персоналот, изјави претседателот на банката Херман Греф.

Отпуштањето е дел од стратегијата на банката да го удвои профитот во следните пет години.

“Нашите зацртани цели за следните пет години се многу амбициозни”, изјави Греф, пренесуваат агенциите.

Со цел да го зголеми профитот, Сбербанк планира да ги намали вкупните трошоци во износ од 2,3 милијарди евра и затоа се одлучи за намалување на бројот на вработени.

Сбербанк е основана пред 172 години и има 110 милиони клиенти. Минатата година работењето го прошири на централна и источна Европа, со купување на австриската Volksbank International AG и на турската Denizbank.

Според Греф, банката не планира нови спојувања во следните години.