Најголемата светска маркетинг агенција ќе креира реклами со помош на вештачка интелигенција

117

Возбудата околу Nvidia трае веќе една недела. Вредноста на компанијата на берзата е над трилион долари.

WPP соработува со производителот на чипови Nvidia за да креира реклами користејќи генеративна вештачка интелигенција (AI).

Компаниите го објавија партнерството во понеделникот.

„Генеративната вештачка интелигенција го менува светот на маркетингот со неверојатна брзина. Оваа нова технологија ќе го трансформира начинот на кој брендовите создаваат содржина за комерцијална употреба“, рече извршниот директор на WPP, Марк Рид.

Платформата ќе им овозможи на креативните тимови на WPP да интегрираат содржини од „библиотеки“, како што се Adobe и Getty Images, со примена на генеративна вештачка интелигенција во насока на создавање огласувачки кампањи на начин што е поефикасен и во поголем обем – објаснуваат од WPP. Со оваа технологија, компаниите ќе можат да создаваат големи количини на огласувачки содржини, како што се слики или видеа, кои што се имерсивни и лесно прилагодливи за различни комуникациски канали или целни групи на корисници.

Во демонстрацијата што ја прикажа извршниот директор на Nvidia, Џен-Сун Хуанг, најголемата светска маркетинг агенција создаде реалистично видео од автомобил кој вози низ пустина. Новиот мотор за содржини со погон на вештачка интелигенција значи дека истиот автомобил може да биде поставен на улица во Лондон или на слика во Рио де Жанеиро за да го таргетира бразилскиот пазар – сето тоа без потреба од скапа продукција на физичката локација.

Фото: Printscreen YouTube