Најголемата “зелена завеса“ во Европа ќе апсорбира осум тони CO2

101

Лондон ќе ја добие најголемата “зелена завеса“ во Европа којашто ќе има капацитет да апсорбира осум тони јаглерод диоксид.

Таканаречената Citicape House во главниот град на Англија, на овој начин ќе се обиде да го прочисти воздухот во метрополата пишува Dezeen.

Објектот ќе биде опремен со 400.000 растенија коишто би требало да ги задржуваат штетните честички од воздухот и да произведат околу шест тони кислород годишно.

Штом ќе биде комплетирана 11-катната зграда истата ќе има хотел со пет ѕвезди, деловни канцеларии, простор за co-working, бар, спа центар и ресторан на приземјето.

Фото: Sheppard Robson