Најголеми бонуси за банкарите на Wall Street во последната деценија

64

Повеќето брокери на Wall Street можат да очекуваат двоцифрено зголемување на бонусите оваа година, во споредба со 2020 година, додека банкарските инвеститори би можеле да добијат највисоки чекови врз основа на исплати за награда во последната деценија, се наведува во извештајот на консултантската фирма Johnson Associates Inc.

Минатата година, бонусите на Wall Street беа пропорционални со економскиот шок од блокадата предизвикана од вирусот Ковид-19, но годинешното враќање покажува дека финансиските директори сметаат дека нивниот бизнис е обновен откако пандемијата практично избриша 21.000 милијарди долари од пазарот помеѓу февруари и март минатата година, велат аналитичарите.

“Индустријата работи на ниво за кое минатата година мислевме дека е невозможно“, рече Алан Џонсон, чиј извештај будно го следат финансиските експерти.

Инвестициските банкари ќе ги земат најголемите бонуси во последната деценија, благодарение на невиденото зголемување на бројот на склучени трансакции, проценува тој.

Банкарите кои вршат ризични инвестиции за клиентите може да уживаат во зголемување на бонусот од 20 до 35% за 2021 година, додека банкарите ангажирани во консалтинг и продажба на капитал може да добијат зголемување од 20 до 25%, вели Џонсон.

Менаџерите на средства, хеџ фондовите како и менаџерите на приватниот капитал може да добијат зголемување од 10-15 %, додека трговците со фиксен приход и банкарите кои работат со население може да очекуваат исти бонуси како и минатата година.

Оваа анализа се базира на резултатите од вториот квартал од десет компании за управување со средства и осум големи инвестициски и комерцијални банки. Банките ќе започнат со исплата на годишни бонуси за вработените од јануари следната година.

Во последните месеци, големите банки ги зголемија платите за банкарските инвеститори, а особено за вработените кои работат само една или две години, за да го надоместат товарот што е исцрпувачки дури и според индустриските стандарди.

“Не се работи само за пари“, заклучува Алан Џонсон, „вработените едноставно работат премногу напорно“.

Фото: Pixabay