Најголеми добитници во пандемијата: Акциите им пораснаa 38.000%

36

Швајцарската компанија за биотехнологија, Relief Therapeutics годинава забележа зголемување на вредноста на акциите од 38.000%, што ја прави една од најголемите победници на оваа здравствена криза.

Причината за ваквиот вртоглав раст на нејзините акции е фактот што работи на развој на лек што ќе го спречи престанокот на функцијата на белите дробови кај посериозните случаи на Ковид-19. Клиничките испитувања на лекот RLF-100 на пациенти започнаа минатата недела. Резултатите ќе бидат познати во првата половина на јануари, пишува CNBC.

Патентирана верзија на овој лек веќе постои и се нарекува Aviptadil.

RLF-100 содржи слични супстанции како Aviptadil. Постои веќе 20 години и се користи за лекување на белодробни заболувања. На почетокот на оваа година, научниците  утврдија дека овој лек може да ги заштити и клетките од напади на корона.

Фото: Pixabay