Најголеми финансиски центри на планетата

91

Њујорк ја задржа лидерската позиција како светски финансиски центар, покажува Индексот на глобални финансиски центри, што е дел од истражувањето на Z/Y Group во партнерство со Кинески развоен институт.

Индексот се базира на резултати од 8.549 анкетирани експерти во финансискиот сектор. Тие имаат задача да ги оценат: политичката стабилност, регулаторното окружување, достапност до квалификувани работници, квалитет на живот, инфраструктура, достапност до капитал, ликвидност на пазарот, углед и културна диверзификација.

Освен Њујорк, во 10-те најголеми финансиски центри, се вброија: Лондон, Хонгконг, Сингапур, Шангај, Токио, Сиднеј, Пекинг, Цирих и Франкфурт.

Од земјите во регионот, се најдоа: Истанбул (68), Софија (97) и Атина (98).

Фото: Pexels