Најголеми извозници и увозници на тутун

177

Кога станува збор за извоз на необработен тутун, Бразил е прв на листата со заработка од 1,99 милијарди долари. Втори се САД со 997 милиони долари од извоз, додека на трето место е африканската држава Зимбабве чијашто заработка од извоз на овој производ изнесува 977 милиони долари.

Топ пет листата ја дополнуваат Индија со заработка од 657 милиони долари и Кина со инкасирани 654 милиони.

Земји што најмногу увезуваат тутун се Белгија – Луксембург коишто за увоз потрошиле 1,36 милијарди долари, Кина со потрошени 1,21 милијарда долари, Германија со 792 милиони долари, САД се четврти со вложени 653 милиони долари во увоз на тутун, а петта е Русија со потрошени 600 милиони долари за увоз на жолтото “злато“.

Необработениот тутун е најизвезуван производ на Малави и Зимбабве.

Нашата земја во европски рамки е на седмо место по извоз на тутун со 5,8% од вкупниот извоз и заработени 146 милиони долари. Македонија најмногу извезува тутун во Грција, Белгија-Луксембург и Бугарија, а најмногу увезува од Бугарија, Италија и Германија.

Фото: Pixabay