Поради своите добри карактеристики како висока густина на енергијата, литиум-јонските батерии се најбараните батерии на полнење за мобилната електроника.
Меѓународната продажба на овој производ минатата година достигна вредност од 2,9 милијарди долари. Извозот на литиум-јонски батерии од азискиот континент лани достигна вредност од 1,6 милијарди или 57,1% во глобални рамки.
На второ место се европските земји со 25,5% додека 17% од вкупниот извоз отпаѓа на Северна Америка.
САД се на прво место, а по нив следуваат:
Сингапур – 399,5 милиони долари (13,9%)
Кина – 312,7 милиони долари (10,9%)
Хонг Конг – 308,2 милиони долари (10,7%)
Индонезија – 213,6 милиони долари (7,4%)
Јапонија – 186,6 милиони долари (6,5%)
Германија – 164 милиони долари (5,7%)
Франција – 114,3 милиони долари (4%)
Јужна Кореа – 98,1 милиони долари (3,4%)
Холандија – 95,5 милиони долари (3,3%)
Фото: Pixabay