Најголеми извозници на цреши во светот

149

Чиле минатата година беше најголем извозник на цреши во светот со инкасирани 2,3 милијарди долари или 51,32% повеќе во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Tridge.

Хонгконг е втор најголем извозник на цреши на глобално ниво со заработка од 849 милиони долари, што е за 11% повеќе во однос на 2019 година.

Зад нив се САД со извезени цреши во вредност од 478 милиони долари во 2020 година или 0,29% помалку една година претходно.

Меѓу 10-те најголеми извозници на цреши лани беа и: Турција (156 милиони долари), Грција (75,13 милиони долари), Шпанија (66,36 милиони долари), Узбекистан (60,75 милиони долари), Австралија (56 милиони долари), Канада (54 милиони долари) и Аргентина (49,85 милиони долари).

Фото: Pexels