Најголеми извозници на гуми се…

38

Минатата година глобалниот извоз на гуми достигна 80 милијарди долари. Споредено со пет години пред тоа вредноста е намалена за 4,5%, земајќи ги предвид сите земји што извезувале.

Азиските земји се најголеми извозници на гуми на глобално ниво. Вредноста на извозот во тој регион достигна 36,6 милијарди долари лани или 45,8% од вкупната сума во светот. По нив следуваат земјите од Европа со 41,2% од глобалниот извоз, додека 9,9% отпаѓа на земјите извозници на гуми од Севрна Америка.

Кина води на топ 10 листата, а редоследот е следен:

  1. Кина – 15,1 милијарди долари (18,9% од вкупниот извоз на гуми)
  2. Германија – 6 милијарди долари (7,5%)
  3. Јапонија – 5,1 милијарди долари (6,4%)
  4. САД – 5,1 милијарди долари (6,4%)
  5. Tајланд – 4,9 милијарди долари (6,1%)
  6. Јужна Кореја – 3,5 милијарди долари (4,3%)
  7. Франција – 2,8 милијарди долари (3,5%)
  8. Холандија – 2,5 милијарди долари (3,2%)
  9. Шпанија – 2,5 милијарди долари (3,1%)
  10. Полска -2,4 милијарди долари (3%)

Нашата земја лани заработила 259.000 долари од извоз на гуми.