Најголеми извозници на храна за домашни миленичиња

95

Извозот на храна за домашни миленичиња лани достигна вредност од 15 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник на ваков на храна е Германија, којашто лани инкасираше 1,8 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на храна за домашни миленици се и: САД (1,6 милијарди долари), Франција (1,5 милијарди долари), Тајланд (1,4 милијарди долари) и Холандија (1,2 милијарди долари).

Фото: Pixabay