Најголеми извозници на јајца во светот

66

Холандија е најголем светски извозник на јајца од чија продажба на странски пазари лани земјата инкасираше 472,6 милиони долари, што е за 1,95% повеќе во однос на една година претходно.

Втор најголем извоз на јајца минатата година регистрираше Полска со 143,4 милиони долари или 42,18% помалку во споредба со 2019 година. Германија е на трето место со извоз од 121,9 милиони долари во 2020 година или 18,79% помалку една година претходно.

Според податоците на World’s top exports, извозот на јајца во 2019 година достигна вредност од 1,9 милијарди долари, што е 17,1% помалку во однос на 2018 година.

Петте најголеми извозници на јајца во 2019 година беа: Холандија (470,7 милиони долари или 24,5% од вкупниот извоз), Полска (247,8 милиони долари), Турција (215,8 милиони долари), Малезија (139,3 милиони долари) и Германија (134,3 милиони долари).

Македонија во 2019 година извезе свежи јајца во вредност од 687.000 долари или 19,1% помалку одошто во 2018 година.

Фото: Pexels