Најголеми извозници на млеко во светот

46

Нов Зеланд лани беше најголем извозник на млеко во светот со 440,3 милиони долари или заработка за 13,21% повисока одошто во 2019 година, покажуваат податоците на Tridge.

Следна е Холандија со извезено млеко во вредност од 189,6 милиони долари или 8,12% повеќе во однос на 2019 година. САД се на трета позиција со извоз на млеко од 164,4 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на млеко лани беа и: Германија (101 милион долари), Франција (98,7 милиони долари), Данска (60,5 милиони долари), Канада (49,8 милиони долари), Литванија (41,2 милиони долари), Финска (30,6 милиони долари) и Белгија (28,2 милиони долари).

Фото: Freepik