Најголеми “неплаќачи“ на ДДВ во ЕУ

137

Земјите членки на Европската унија изгубиле околу 140 милијарди евра приходи од данок на додадена вредност (ДДВ) во 2018 година, покажува извештајот на Европската комисија (ЕК).

Постои голема разлика меѓу очекуваниот и реализираниот прилив по основ на наплата на ДДВ во рамки на ЕУ. Проекциите за оваа година се дека нема да бидат наплатени околу 164 милијарди евра, најмногу поради последиците од пандемијата врз економиите.

Како најголем “неплаќач“, според податоците се најде Италија со 35,4 милијарди евра. Меѓу петте земји што не наплатиле очекуван ДДВ се и: Велика Британија (23,5 милијарди евра), Германија (22,1 милијарда евра), Франција (12,8 милијарди евра) и Романија (6,6 милијарди евра).

Од земјите од регионот, што се дел од Унијата, изгубените приходи од ДДВ изнесуваат: Грција (6,6 милијарди евра), Бугарија (шест милиони евра), Хрватска (три милиони евра) и Словенија (еден милион евра).

Фото: Pixabay