Најголеми земји извозници на лекови во светот

78

Во текот на минатата година направен е извоз на лекови во износ од над 370 милијарди долари.

Германија е лидер во светот со најголем извоз во светски рамки, којшто лани достигна вредност од 62,3 милијарди долари. Зад Германија се наоѓа Швајцарија со извоз вреден 45,3 милијарди долари, додека трета е Белгија лани реализирала извоз на лекови во висина од над 27 милијарди долари.

Меѓу десетте најголеми извозници на лекови во светот се најдоа и: Франција (25,8 милијарди долари), САД (22 милијарди долари), Ирска (21 милијарда долари), Велика Британија (19 милијарди долари), Италија (19,6 милијарди долари), Холандија (16,8 милијарди долари) и Индија со извоз на лекови во висина од 13 милијарди долари.

Од земјите во регионот, Словенија е лидер по извоз на лекови, чија вредност лани достигна 3,3 милијарди долари. Грција е 25-та со извоз на лекови вреден 1,6 милијарди долари, Бугарија е пет места подолу со извезени лекови од 953 милиони долари. Хрватска минатата година инкасираше 667 милиони долари од извоз на лекови, со што се најде на 36-то место. Србија е 52-ра во светски рамки поради извоз на лекови од 264 милиони долари, додека Македонија е 67-ма бидејќи лани извозот на лекови достигна вредност од 103,7 милиони долари.

Од 190 земји, Француска Полинезија, Ангола и Света Елена имаат најмал извоз од само 1.000 долари.