Најголемиот балкански старт -ап успешно дебитираше на берзата во Њујорк

270

Романскиот стартап UiPath, кој развива роботски програми, успешно дебитираше на Њујоршката берза, собирајќи 1,34 милијарди долари.
Компанијата, чиј софтвер им помага на компаниите да ги автоматизираат процесите на повторувачките задачи на вработените, продаде акции по цена од 56 долари за акција, над очекуваниот опсег од 52 до 54 американски долари, за да го затвори тргувањето со 69  долари по акција на затворањето на берзата, известува CNBC.

Овој романски старт – ап има правно седиште во Њујорк, но сите операции ги води од централата во Букурешт.

Годишните приходи на UiPath наводно изнесуваат околу 400 милиони долари.

Инаку, UiPath е основан во 2005 година, под името DeskOver, а го промени своето име 10 години подоцна. Нејзина основа цел е развој на софтверски решенија коишто се справуваат со одредени операции на вработените кои се повторуваат повеќе пати. Со нивна помош, вработените не го губат времето на таканаречени copy – paste операции, туку се фокусираат на посложени активности.

Фото: Freepik