Најголемиот британски производител на автомобили отпушта работници: 1.100 луѓе остануваат без работа

36

Најголемиот британски производител на автомобили е меѓу многумината кои мораа да отпуштаат работници за да ги преживеат последиците од пандемијата од коронавирус.

Jaguar Land Rover ќе го намали бројот на вработени или изведувачи за 1.100 низ Велика Британија, како дел од програмата за трансформација.

“Преку својата тековна програма за трансформација, Jaguar Land Rover презема чекори за оптимизација на перформансите и да постигне понатамошна оперативна ефикасност за одржлив развој и зачувување на долгорочен деловен успех“, изјави портпаролот на оваа компанија.

Поради пандемијата од коронавирус, компанијата донесе тешка одлука за намалување на бројот на вработени во наредните месеци, се вели во соопштението на оваа компанија.

Со намалување на работните места ќе започнат во производствените капацитети на Jaguar Land Rover низ Британија и овој процес ќе трае од крајот на јули до крајот на годината.

Во претходните недели, други британски производители, како Bentley и Aston Martin, мораа да го намалат бројот на вработени за да ги преживеат економските последици од пандемијата.

Фото: Pixabay