Најголемиот измамник во историјата, со една лага заработил милијарди

246

Шкотланѓанецот Грегор Мекгрегор, поранешен војник и авантурист, во 1820 година си присвоил големо парче земја во Средна Америка, земја каде денес се наоѓа Хондурас. Мекгрегор својата земја ја нарекол Појаис, а себеси се прогласил за нејзин принц. За оваа земја никој немал слушнато претходно.

Мекгрегор кога се вратил во Велика Британија, веднаш почнал со маркетинг кампања, за да привлече голем број вложувачи и колонијалисти во својата земја. Според неговите зборови, овој дел бил поголем од Велс. Тоа било земја на мед и млеко, плодно тло, студени реки, преполни со злато, густи шуми во кои имало многу егзотични плодови и дивеч.

Освен што земјата ја опишал како дијаметрално спротивна од неговата Шкотска, тој играл и на машкоста на неговите сонародници, така што објавувал огласи кои ги величеле храбрите и оние кои ќе се осмелеле да тргнат во нови походи. Тврдел дека морал да вложи пари во експедицијата пред да стигнат.

Мекрегор ветувал рај на земјата на инвеститорите на кои им ја продавал приказната дека ќе бидат пример за сите луѓе и битно е поскоро да реагираат, бидејќи може да ја испуштат својата шанса. Тој дури и испечатил и лажни пари што им ги давал на инвеститорите. Тактиката му успеала. Мекрегор собрал 200.000 фунти готовина и скоро 1,3 милиони фунти во обврзници (денес би изнесувало околу 3,6 милијарди фунти).

Кон крајот на 1822 година и почетокот на 1823 година, тргнале првите две експедиции кон Појаис, околу 250 ентузијасти. Но, кога стигнале затекнале сосема поинаква ситуација од ветеното. Немало ниту злато, ниту плодна земја за обработка. Наскоро Шкотите почнале да умираат, а една третина се спасиле кога наишол брод.

Кога се вратиле во Велика Британија тие брзо преку весниците ја објавиле големата измама. Иронично, некои од преживеаните авантуристи и понатаму продолжиле да го бранат Мекгрегор и да ја префрлаат вината на другите организатори на експедицијата.
Мекрегор побегнал во Франција, каде повторно почнал да ја продава истата приказна, но тамошните власти брзо го прочитале и го уапсиле.

После тоа се вратил во Единбург, па заминал за јужна Америка каде починал во 1845 година.

Фото: YouTube Screenshot