Најголемиот производител на млеко во Америка пред банкрот

30

Dean Foods, најголем производител на млеко во САД, е пред банкрот. Компанијата којашто постои 94 години, “настрада“ поради фактот што купувачите сè повеќе бараат алтернативи за кравјото млеко.

Во првата половина од годинава, продажбата на Dean Foods опадна за 7%, а профитот падна за 14%. Компанијата е во долгови и не е во можност да ги исплати пензиите на сите свои работници.

Со цел бизнисот да продолжи со работа, додека брендот се раздолжи и исплати онаму каде што треба, компанијата обезбеди 850 долари во финансии од постоечките заемодавци, вклучувајќи ја и Rabobank, пишува Today.

Walmart, којшто беше еден од најголемите клиенти на Dean Food, се откажа лани од компанијата, откако отвори своја фабрика за млеко.

Фото: Pixabay