Фото: Pixabay
Најголемиот производител на пиво во светот излегува на берза, со надеж дека ќе собере 9,8 милијарди долари и со тоа ќе ја забележи најголемата иницијална јавна понуда (Initial public offering – IPO) во светот, пишува Reuters.
Околу 1,6 милијарди акции ќе бидат продадени на Budweiser Brewing Company APAC, што е дел од пивскиот гигант Anheuser – Busch InBev, а во своето портфолио има над 50 пивски брендови, меѓу кои се и: Stella Artois, Beck’s и Corona. Budweiser своите акции ќе ги котира на берзата на Хонг Конг на 19-ти јули, а нивната почетна цена ќе биде меѓу 5,13 и 6,02 долари по акции, па IPO би достигнала вредност меѓу 8,3 и 9,8 милијарди долари.
AB InBev стана најголем производител на пиво во светот, а позајми голем износ на пари за да реализира повеќе аквизиции. Последната од нив е во 2016 година, кога го купи својот конкурент SAB Miller, па долгот на компанијата достигна 102,5 милијарди долари.
Поддршка за оваа IPO ќе дадат JPMorgan и Morgan Stanley, додека глобални координатори се Bank of America, Merrill Lynch и Deutsche Bank.