Најголемиот ривал на Икеа влезе на хрватскиот пазар

25

steinhoffЈужноафриканската групација Steinhoff International го заврши процесот на преземање на познатиот ланец на продавници за мебел Кика, со што стана сопственик на овој бренд во седум земји, вклучувајќи ја и Хрватска.

Steinhoff група е втора по големина компанија во светот за производство и продажба на мебел после Икеа. Од 2011 година е сопственик на францускиот бренд Conforama Holding, кој воедно е втор најголем малопродажен ланец на продавници за мебел и производи за уредување на домот во Европа.

Икеа следната година треба да ја отвори својата прва продавница во Хрватска, а со преземањето на австриска Кика, веќе добива голема конкуренција на хрватскиот пазар, пишуваат хрватските медиуми.

Австриската компанија Кика минатата година ја заврши со приход во висина од 1,2 милијарди евра.