Најголемиот светски производител на дронови ја прекина продажбата во Русија и Украина

54

Најголемиот светски производител на комерцијални дронови, кинеската DJI, го прекина својот бизнис во Русија и Украина.

Технолошката компанија со седиште во Хангжу во источна Кина „внатрешно ги преиспитува барањата за усогласеност во различни јурисдикции“, стои во соопштението на нејзината веб-страница.

Во очекување на тековниот преглед, DJI привремено ќе ги суспендира сите деловни активности во Русија и Украина, соопшти компанијата.

Украинските власти рекоа дека беспилотните летала на DJI би можеле да бидат безбедносен ризик и за војската и за цивилите, пишува Вол Стрит Џурнал. Тие се сомневаа дека компанијата може да манипулира со уредите и изразија загриженост за употребата на дронови од руска страна.

DJI ги негираше наводите. Компанијата не дозволува продажба на дронови за воени цели, изјави нејзиниот портпарол за Вол Стрит Џурнал.