Најголемиот светски производител на пиво ја напушта Русија и поради тоа губи милијарда евра

127

Белгискиот производител на пиво, Anheuser-Bush InBev (AB InBev), ќе го продаде сопствениот удел во руско заедничко вложување.

Овој потег ќе ги чини загуба од 1,1 милијарда долари (околу милијарда евра), бидејќи најголемата светска пиварница се приклучи на светскиот тренд на затворање на бизнисите во Русија, поради нападот врз Украина.

Компанијата, со седиште во белгискиот град Лувен, денеска објави дека ќе продаде малцински удел во заедничкото вложување AB InBev Efes, додавајќи дека веќе е во „активни преговори“ со турскиот партнер Анадолу Ефес за купување на акции, пишува „Блумберг“.

Во соопштението на AB InBev се наведува дека потенцијалниот договор ќе вклучува барање за суспендирање на лиценцата на руското заедничко вложување за производство и продажба на брендот за пиво Budweiser во Русија.

Фото: freepik