Најголемите медиумски експерти доаѓаат во Дубровник

42

nemВо Дубровник, од 8 до 11 мај за прв пат ќе се соберат професионалци од областа на телевизијата, медиумите, маркетинг агенциите, ИПТВ, кабелска дистрибуција, како и сите значајни луѓе од медиумскиот свет. Во овие четири дена на New Europe Market настанот, на тематски панели ќе се дискутира за најновите трендови во индустријата.

“НЕМ ќе биде место на кое медиумските професионалци ќе можат да се сретнат, да разменат идеи, да учат едни од други, да стекнуваат искуства и да даваат и примаат знаења. На регионов му треба настан како што е НЕМ. Постојат толку таленти што би можеле да останат непрепознаени во големи опкружувања, а дури ни глобалната рецесија не го намалува големиот развоен потенцијал што можеме да им го понудиме на големите компании. Исклучително сме горди поради големиот одзив на сите оние што работат во релевантни подрачја во светот на медиумите, што ја прифатија нашата покана да учествуваат во расправите. Тоа покажува дека не сме единствени што веруваме дека одиме во вистински правец”, изјави Сања Божиќ – Љубичиќ, директорка на НЕМ.

На панелите на НЕМ ќе учествуваат челни луѓе на водечките светски компании меѓу кои се AGB Nielsen, Google, HBO, NBCUniversal, CISCO, 3D Content Hub, Fox International Channels, T-Com, Chello Central Europe, Sony Pictures Television Networks, Antenna Group, AMC/Sundance Channel, Al Jazeera Balkans…