Најголемо протекување на податоци од 2004 година

38

Како што светот се повеќе се потпира на технологијата и податоците складирани на интернет, протекувањето податоци станува се поголема закана за приватните корисници, бизнисите и владините агенции. Минатата година беше поставен нов рекорд со повеќе од 5,9 милијарди украдени кориснички записи.

Кражба и копирање

Инфографикот на дизајнерот Чимди Нвосу објавени од Visual Capitalist ги прикажуваат 50-те најголеми нарушувања на приватноста на податоците од 2004 година, заедно со најпогодените сектори. Сите податоци се собрани од извештаите на компанијата и медиумските написи.

Доверливите податоци незаконски се копирани, пренесени или украдени со напади на малициозен софтвер, измами со картички, протекување информации, па дури и случајно откривање. Ова го прават хакери индивидуалци, организирани групи за сајбер криминал, а понекогаш и национални влади.

На удар технологијата и финансиите

Најголемото пријавено нарушување на податоците се случи во 2013 година кога беа компромитирани сите три милијарди сметки на Yahoo. Во тој сајбер напад, хакерите собраа лични податоци и лозинки на корисниците, а целосниот обем на предизвиканата штета сè уште не е целосно разбран.

Ова масовно хакирање претставува речиси една третина од вкупно 9,9 милијарди кориснички записи украдени од веб-секторот. Меѓу најпогодените сектори се технологијата со 2 милијарди и финансиите со 1,6 милијарди украдени сметки.

Иако овие три сектори изгубија најмногу кориснички податоци, тоа не мора да значи дека имаат послаби безбедносни мерки. Ова се должи на големиот број кориснички записи со кои располагаат.

Голема цена

Не се сите злогласни прекршувања на приватноста на податоците од таква големина. Во 2014 година, вестите за хакирање на iCloud на Apple беа на насловните страници, а личните слики на околу 200 познати личности беа раширени на интернет. Иако ова хакирање погоди релативно мал број луѓе, се покажа колку може да бидат инвазивни и штетни нарушувањата на податоците за корисниците.

Спречувањето и борбата против последиците од нарушувањето на приватноста на компанијата чини милијарди долари. Безбедносниот извештај на IBM проценува дека минатата година просечната цена за хакирање била 4,2 милиони долари, 10% повеќе отколку во 2019 година. Тоа зголемување во голема мера се припишува на дополнителниот безбедносен ризик поврзан со почестата работа од дома.