Најголемото бегство на инвеститорите од крипто-фондовите од јануари

145

Крипто-фондовите минатата недела имаа најголем одлив на капитал од јануари, бидејќи инвеститорите повлекоа пари од биткоин и етериум фондовите, објави CoinShares.

Средствата имаа нето-одливи од 134 милиони американски долари, што ја означува втората најлоша недела во годината за фондови кои управуваат со инвестициите во дигитални средства и претставува остар пресврт по две последователни недели високи приливи.

Производите поврзани со биткоинот имаа лавовски дел од одливот – 131,8 милиони долари. Кратките инвестициски производи во биткоин, кои се обложуваат на остварување профит кога цената на биткоинот паѓа, генерираа прилив од вкупно 2 милиони долари, што е нивниот најголем прилив досега забележан.

Пресвртот дојде откако цената на биткоинот (BTC), најголемата криптовалута по пазарна капитализација, се искачи на 48.000 долари од 38.000 долари за само две недели на почетокот на април.

„Веруваме дека порастот на цените минатата недела можеби ги поттикна инвеститорите да остварат профит“, се вели во извештајот.

Понискиот од просечниот дневен обем на тргување (2,3 милијарди долари) исто така сугерира дека нема значителен стрес кај инвеститорите.

Средствата насочени кон Етереум (ETH) генерираа одливи 15,3 милиони долари.

Во меѓувреме, алткоините и фондовите со повеќе средства останаа отпорни, забележувајќи приливи од 6 милиони долари и 5 милиони долари, соодветно.

Солана (SOL) водеше со приливи од 3,7 милиони долари, што е помалку за 8,2 милиони долари од претходната недела, со што приливот изнесуваше 107 милиони долари од почетокот на годината.

Кардано-таргетираните фондови (ADAs) генерираа прилив од 1 милион американски долари, додека 600.000 долари се влеаа во средствата на лајткоин (LTC).

Најголемиот удар го претрпеа фондовите управувани од ProShares и ETC Group со одливи од 64,5 милиони долари и 45,8 милиони долари.