Најиновативни земји за 2021 година

30

Јужна Кореја си ја врати првата позиција на Bloomberg Innovation Index, додека САД испаднаа од првите 10 најиновативни во светски рамки, пренесува Bloomberg.

Кореја си ја врати “круната“ од Германија, којашто за оваа година се позиционираше на четврто место.

Bloomberg Innovation Index анализира повеќе критериуми, вклучувајќи трошоци за истражување и развој, продуктивности, патенти и слично.

Првата 10-та најиновативни земји, по Јужна Кореја се најдоа и: Сингапур, Швајцарија, Германија, Шведска, Данска, Израел, Финска, Холандија и Австрија.

Од 60 земји што се дел од листата, се најдоа и некои од регионот: Словенија (22-ра), Грција (30-та), Бугарија (41-ва), Хрватска (45-та) и Србија (48-ма). Македонија ја нема на оваа листа.

На дното на листата се најдоа: Иран, Алжир, Украина, Тунис и Уругвај.

Фото: Freepik