Најиновативните економии на светот

22

ekonomy

Најиновативна светска економија, според Bloomberg Innovation Index, и оваа година е Јужна Кореја. Индексот мери колку економиите се иновативни, односно колку инвестираат во истражување и развој и колкава е концентрацијата на високотехнолошки компании.

1Во првите пет најиновативни економии во светот се наоѓаат: Шведска (2.место), Германија (3.место), Швајцарија (4. Место) и Финска (5.место). Во однос на минатата година, Шведска ја подобри својата позиција за едно место, додека Финска напредуваше за две места поради порастот на бројот на високотехнолошки компании во земјата.

2bl

Најголем губитник оваа година, според иновацискиот индекс, е Русија којашто падна за 14 места и сега се наоѓа на 26. позиција. Пад забележа и Јапонија којашто лани беше на 4. место, а годинава е седма. Од земјите во регионот, Грција е на 30. место, Романија осум места подолу, Хрватска на 41. позиција, а Србија е на 43.

3blРангирањето на Bloomberg започна со повеќе од 200 економии, но државите коишто не дадоа податоци за најмалку шест од седум категории коишто се мерат беа елиминирани. На крајот Bloomberg креираше индекс со 50 најиновативни светски економии.