Најкраткиот лет на светот трае само две минути

44

let

Шкотската авиокомпанија Longair го организира најкраткиот лет во светот, што трае само две минути, пишува Sky News.

Станува збор за лет меѓу два блиски острови во Шкотска, којшто доколку дозволат временските услови, може да трае и само 47 секунди.

“Летот е бисер во нашата мрежа и е добро познат насекаде низ светот“, вели Џонатан Хинклс, директор на Longair.

Летот, иако трае кратко, е посебно важен за локалното население на островите. Најчесто го користат наставници, доктори, полицајци и ученици.

На почетокот на овој месец беше направен и рекорд бидејќи беше регистриран милиониот патник што ја користи оваа релација. Се работи за Ен Рендал, која е вработена во Royal Bank of Scotland.