Клубот Gravity во Сингапур, што е дел од британскиот бренд Fitness First е моментално најлуксузната сала за вежбање во светот.
Неговата вредност изнесува околу 10 милиони долари, а истиот се протега на површина од 1.000 m2.
Салата се наоѓа на највисокиот кат на нови административни кули во бизнис област во Сингапур, а наскоро официјално ќе ги отвори своите врати и ќе понуди иновативни производи и услуги.
Вежбањето во Gravity ќе биде ексклузивно право и уникатно искуство.
Клубот е дизајниран за 999 банкари и извршни директори кои ќе можат да го посетуваат исклучиво со покана.
Луксузната сала за вежбање покрај најсофистицирана опрема ќе има специјални кабини за вежбање и конференциски сали со видео опрема за оние бизнисмени кои имаат чести состаноци.
Членството за клубот чини 2.290 евра што се плаќаат првиот пат, плус околу 500 евра секој месец.