Најлуксузни сафари одмори

35

Сафарито се здобива со популарност во западниот свет, откако во 1909 година претседателот на САД, Рузвелт и неговиот син одат на сафари во Момбаса, Кенија. Нив ги придружува “бел ловец” од Велика Британија. На нивно располагање биле 250 Африканци, кои биле носачи на багаж и водичи. На тоа сафари се убиени над 500 животни, меѓу кои 17 лавови, 11 слона и 20 носорози. Од тогаш наваму се променија многу работи. Повеќето луѓе кои одат на сафари денес се вооружени, но не со оружје, туку со камери. Тие се таму за да ја набљудуваат природата и да си направат фотографии. Сафарито е голем извор на приход за африканските земји. Најдобро е да се оди на сафари во јужните и источните делови на Африка. Најдобра инфраструктура во овој поглед развила Кенија, во резерватите Масаи Мара и Амбосели. Танзанија е исто така добар избор – таму се развива дејството во книгата на Хемингвеј “Снеговите на Килиманџаро”. Цените варираат и има и ултра луксузни предлози за најбогатите. Во продолжение видете кои држави ги нудат најлуксузните сафари:

7. Кенија Elsa’s Kopje – 860 долари на вечер

k7(21)

Се наоѓа во националниот парк Меру, на 350 километри од Најроби. Овој хотел се смета за еден од најромантичните во цела Африка. Тука има цели стада носорози и слонови. Хотелот ги отвора вратите во 1999 година. Постојат 9 бунгалови, апартман за меден месец и инфинити базен со прекрасен поглед. Хотелот е познат и по кујната која се нуди. Вечерата е секогаш надвор на свеќи. Секое попладне се служи чај, кој се прави од билките од градината.

6. Боцвана, Резерват Машату – од 880 долари на вечер, па нагоре

k6(20)Овде можете да видите лавови, жирафи, слонови, ноеви и др. Во хотелот на резерватот има 14 луксузни апартмани. Тука нудат традиционални африкански јадења, свежо овошје, испечен леб на самото место.

5. Уганда, Clouds Mountain Gorilla Lodge – 950 долари на вечер

k5(22)

Тука живеат многу горили, кои се дел од локалната атракција. Хотелот е изграден на рид, на 2.000 метри надморска височина. Од него имате поглед на вулканите Вирунга. Гостите имаат батлер и секоја вечер се организираат забави.

4. Танзанија, Serengeti Pioneer Camp – цените започнуваат од 1.000 долари на вечер

k4(24)

Паркот Серенгети е еден од најпознатите во светот. Хотелот има 10 луксузни шатори. Појадокот и вечерата се сервираат во ресторан – шатор, а ручекот е во текот на денот за време на сафарито.

3. Замбија, Тонгабези – цените започнуваат од 1.180 долари на вечер

k3(25)

Се наоѓа во близина на познатиот водопад Викторија. Вратите ги отвора во 1990 година. Гостите се забавуваат со кајакарство, посети до водопадот, риболов. По желба може да ви ја сервираат вечерата на брегот на реката.

2. Јужна Африка, хотел Sabi Sabi Earth Lodge – цените започнуваат од 1.400 долари на вечер

k2(27)

Тука живеат над 350 видови птици. Хотелот се наоѓа на ридот и изобилува со прекрасен поглед. Има 13 луксузни апартмани. Секој е со уникатен мебел и сопствен базен. The Amani Spa, нуди спа третмани и масажи. Винарската визба има колекција од 6.000 шишиња.

1. Зимбабве, хотел Singita Pamushana Lodge – 2.100 долари на вечер, па нагоре

k1(25)

Се наоѓа на висок рид точно до национален парк Gonarezhou. Тука виреат стотици дрвја боабаб и над 500 видови птици. Хотелот има само 6 апартмани, секој со сопствен базен. Има и една приватна вила со инфинити базен.