Најлуксузните апартмани во Париз

48

Париз е еден од најубавите градови во светот. Тука доаѓаат многу богати туристи кои не престојуваат во хотел, туку си изнајмуваат апартман за престој. А за таа цел се нудат навистина прва класа, луксузни домови.

Видете кои се најскапи апартмани за изнајмување во француската престолнина:

5. Palais Royal: 10.000 долари неделно

p5(27)

Се наоѓа во регионот Opera – Vendome, на 15 минути од операта. Неговата површина е 162 квадратни метри. Декориран е со кристални лустери, француски прозорци во секоја соба и свилени завеси. Во секоја спална соба има огромен кревет и плакар. Спалните гледаат кон дворот.

4. Neuilly Palace: 11.300 долари неделно

p4(28)

Овој апартман е на три ката и е со површина 260 квадратни метри. Се наоѓа во близина на централните делови на Париз и до финансискиот реон. На првиот кат има дневна соба со камин, библиотека и удобни каучи. Централните скалила ве водат до пентхаус на вториот кат. Во кујната има еспресо машина. Таа е поврзана со трпезаријата во нео – готски стил. Спалните соби се наоѓаат на вториот и третиот кат.

3. Nоtre Dame Royal: 12.000 долари неделно

p3(32)

Овој апартман е со површина 150 квадратни метри. Гледа кон катедралата Нотр Дам. Се наоѓа на 10 минути пешачење од Лувр и луксембуршките градини. Во огромната дневна има камин и лустер со кристал од островот Мурано. Располага со три спални. Во спалните може да најдете кристални лустери, плазма телевизори и многу огледала.

2. Vosges Royal: 13.000 долари неделно

p2(28)

Се наоѓа на 15 минути пешачење од Лувр. Површината на станот е 185 квадратни метри. Во него има две спални со бања и неколку дневни соби.

1. Avenue Montaigne: 20.000 долари неделно

p1(32)

Површината на овој апартман е 185 квадратни метри. Се наоѓа на три минути пешачење од Шанзелизе и на 15 минути пешачење од Лувр и Ајфеловата кула, која може да се види од прекрасните тераси. Во истата зграда се наоѓа прочуениот ресторан Alain Ducasse. Во зградата се влегува во фоајето од мермер и позлатени завеси. Консиержот ќе ве придружува до вашиот апартман. Тука има две огромни спални, дневна соба, канцеларија, кујна и огромна бања.