Најлуксузните хотели во Рим

57

Вечниот град има што да им понуди на туристите. Тука се наоѓаат некои од најпопуларните згради во светот, бројни историски споменици, многу брендирани продавници и луксузни хотели. Погледнете кои се најлуксузните хотели во кои можете да престојувате во Рим, како и колку ќе ве чини тоа задоволство:

5. Hassler Roma, класичен апартман – 1.800 долари/вечер

r5(17) Има 5 ѕвезди и се наоѓа на Плоштадот Шпанија. Ресторанот импресионира со прекрасен поглед.

4. Hotel D’Inghilterra, апартман Superior – 2.000 долари на вечер

r4(16)

Се наоѓа во центарот на Рим, во близина на шпанскиот плоштад. Во секоја соба во овој апартман има прекрасни кристални лустери. Бањата е од мермер, мебелот е антички и луксузен.

3. The Westin Excelsior Rome, апартман Grandluxe Suite – 3.500 долари

r3(16)

Се наоѓа на Виља Венето. Во хотелот е сместен еден од најлуксузните спа центри во Рим. Во овој апартман добивате шише шампањ. Внатре ќе уживате во лусузниот амбиент.

2. Hotel de Russie, апартман Executive – 3.520 долари на вечер

r2(19)

Гледа кон Пјаца дел Пополо. Во хотелот има одлична градина, спа центар, базен, спа и амам.

1. The St. Regis Rome, апартман Ambassador – 4.000 долари на вечер

r1(17)

Се наоѓа во близина на Пјаца дела Република и Колосеумот. Ресторанот на хотелот е добитник на неколку престижни награди. На сликата е најскапиот апартман во хотелот.