Најлуксузните камини во светот

48

Каминот дава неповторлива атмосфера дома и богатите куќи не можат без барем два камина – едниот обично се става во дневната соба, а другиот во главната спална соба. Секој камин има свој шарм, но овие 10 што ќе ви покажеме тука се некои од најлуксузните во светот:

10. Wodtke Gold Fireplace: 8.000 долари

k10(12)

Покриени се со лисја од 24 – каратно злато. Работат на биоетанол и немаат ништо заедничко со старите камини кои горат дрва и загадуваат. Тие се тесни и лесни, и многу лесно можете да ги преместите од едно место на друго, можете дури и да ги изнесете во градината.

9. Прозаичен камин Solaris: 12.000 долари

k9(15)

Го нарекуваат најтенкиот камин во светот. Изгледа како изваден од научно-фантастичен филм. Може да биде директно ставен на ѕидот. Овој камин е вистинско уметничко дело. Работи на гас и е дело на брендот Heat & Glo.

8. Boomerang Fireplace: 13.000 долари

 

k8(17)

Каминов е гордост на фирма EcoSmart Fire. Произведен е од кожа, нерѓосувачки челик и дрво. Работи на биоетанол.

7. Со Swarovski кристали: 13.000 долари

k7(20)

Производител е Napoleon и е во лимитирана верзија. Блеска со Swarovski кристали. Го има во црна и бела варијанта.

6. Со Swarovski кристали: 20.000 долари

k6

Уште еден момент со кристали на популарната фирма, но по дизајн на Џестен Нада. Овој камин е идеален за куќа направена во стил на 19 век. Изгледа како кристалите да паѓаат директно во оган.

5. Pictofocus: 21.000 долари

k5(21)

Овој проѕирен камин е симбол на елеганцијата. Има опција да биде во црна или сива боја. Работи на дрво или гас.

4. Chesney’s Beaumont: 22.000 долари

k4(22)

Тоа е модерен електричен камин, со дизајн од 18 век. Се командува со далечинско, испарува вода за да се создаде ефект на чад.

3. Vok’s Multimedia Fireplace: 31.500 долари

k3(23)

Ова не е само камин, туку има и LCD телевизија, BOSE sound system, DVD плеер и компјутер. Постојат неколку димензии. Цената за 52-инчен екран на телевизор е 31.500 долари.

2. Aqueon: 50.000 долари

k2(25)

Се што треба е вода. Каминот има посебен механизам за електролиза, произведувајќи кислородот од водородот во водата и гори водородот. Дури не е потребен ниту оџак. Производител е Heat & Glo.

1. Gold Iron Dog 05 Huraxdax: 4 милиони долари

k1(21)

Малиот камин (висок 76 см) може да стопли просторија од 90 метри квадратни. Цената е толку висока, бидејќи е покриен со злато. Неговото производство трае околу 2 месеци, а тежи околу 270 килограми.