Најмладиот милијардер во светот има 18 години, а дел од богатството му доаѓа од Македонија

420

Осумнаесетгодишниот Кевин Дејвид Лиман вреди 3,3 милијарди долари откако ги наследи акциите во германскиот ланец  dm-drogerie markt од неговиот татко Гунтер Лиман. Ова го покажа 35-тата годишна листа на милијардери на Forbes, која беше објавена на 6 -ти април.

Dm-drogerie markt, изворот на богатството на Лиман, е водечки ланец дрогерии во Германија. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија. Денес dm е репрезентативен ланец со повеќе од 3.765 продавници во 13 држави ширум Европа. Во Македонија првите дрогерии се отворија во 2012 година.

Според податоците објавени на веб страната, во деловната 2019/2020 година во целата групација, која е составена од 13 земји, остварен е завиден промет од 11,5 милијарди евра.

Во С. Македонија остварен е промет од речиси 1,1 милијарда денари што претставува раст од16,5 %, во 18 продажни објекти во седум градови.

Фото: Pixabay