Најмладиот милијардер има 18, а најстариот 99 години

49

Кевин Дејвид Леман има само 18 години, но е различен од неговите врсници бидејќи има богатство од 3,3 милијарди долари, со што го има приматот на најмлад милијардер, според магазинот Forbes.

Неговото богатство го прави да се најде на 925-то место на листата на милијардери на Forbes. Тој поседува 50% од германскиот синџир на продавници Drogerie Markt, којшто има околу 12 милијарди долари приходи на годишно ниво.

Дваесет и четиригодишната Александра Андерсен и нејзината сестра Катарина, која е една година постара, имаат по 42% од семејната инвестициона компанија Ferd. Сестрите од Норвешка имаат по 1,4 милијарди долари на сметка.

Помалку од 30 години имаат уште низа милијардери: Остин Расел (26 години и 2,4 милијарди долари), Густав Магнар Витзоу (27 години и 4,4 милијарди долари), Енди Фанг (28 години и две милијарди долари), Стенли Танг (28 години и две милијарди долари), Сем Бенкмен Фрајд (29 години и 8,7 милијарди долари) и Џонатан Квок (29 години и 2,4 милијарди долари).

Од друга страна, најстариот милијардер во светот е 99-годишниот Џорџ Џозеф од САД кој се занимава со осигурување и на сметка има две милијард долари.

Две години помладиот Роберт Кук е вториот најстар милијардер со богатство ос 12,6 милијарди долари. Тој доаѓа од Малезија и е сопственик на конгломерат којшто има хотели, недвижнини и храна.

Дејвид Мрдок е врсник со Кук, а на сметка има 2,1 милијарда долари, благодарение на челната позиција во Dole Food Products и Castle & Cooke.

Милијардери кои имаат над 95 години и милијарди на сметка се и: Чарлс Мангер (97 години и две милијарди долари), Масатоши Ито (96 години и четири милијарди долари), Фонг Јун Вах (96 години и 2,3 милијарди долари), Ес Даниел Абрахам (96 години и две милијарди долари) и Ана Мариа Бреша Каферата (96 години и 1,3 милијарди долари).

Фото: Pexels