Најмногу слободни работни места има во овој сектор

51

Стапката на слободни работни места, во второто тримесечје од оваа година, изнесува 1,36%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Градежништво 3,46% додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, којашто изнесува 1,94%.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, којашто изнесува 2,41%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.107, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Фото: Freepik