Најмногу слободни работни места во градежништвото, најмалку во секторот за снабдување со електрична енергија

45

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од оваа година изнесува 1,38%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Градежништво и изнесува 2,75%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,09%.

Деловните субјкети со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,73%.

Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,06%.

Најголем број на слободни работни места, односно 1.629, има во групата на занимања – Ракувачи и составувачи на машини и постројки.