Најмногу странски гости лани имаа Словачка и Чешка

Во 2023 година, бројот на ноќевања во туристичките сместувачки капацитети во ЕУ достигна 2,9 милијарди. Овој податок укажува на пораст од 6,1 отсто во однос на 2022 година и раст од 1,4 отсто во однос на 2019 година, односно во периодот пред пандемијата на коронавирусот.

Анализата покажува дека 24 од 25 земји на ЕУ минатата година ги надминале нивоата од 2022 година во однос на ноќевањата.

Најзначаен раст е забележан во Малта и Кипар, каде што бројот на ноќевања во двете земји е зголемен за 20 отсто. Следува Словачка со пораст од 16 проценти. Мало намалување на бројот на ноќевања е забележано во Луксембург – еден процент.

Словачка и Чешка забележаа најголем раст во однос на меѓународните гостински ноќи, при што двете земји постигнаа раст од 29 проценти во 2023 година во споредба со 2022 година. Следуваат Холандија и Романија, со по 23 отсто пораст.

На другиот крај на графиконот е Луксембург, кој забележа стабилен број на ноќевања на странски гости, додека Хрватска забележа скромен раст од само два отсто.

Што се однесува до домашните гости, најголем раст на бројот на ноќевања забележа Грција, со пораст од 13 отсто во 2023 година во однос на 2022 година, потоа Словачка со плус 11 и Бугарија од девет отсто. Најголем пад на ноќевањата на домашните гости е забележан во Словенија со минус од 17 отсто, додека во Унгарија пет и четири отсто помалку гости имало во Луксембург.

Кога се гледа пошироката временска рамка, податоците откриваат зголемување на бројот на ноќевања во туризмот од пролетта 2022 година наваму.

До мај 2022 година, бројот на ноќевања во туристичките сместувања се приближи до нивото пред пандемијата.