Најнеплатени професии во земјава

104

Македонската статистика за септември покажува дека просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви занимања во земјава што земаат просечна плата што е далеку под државниот просек.

Според статистичките податоци, дејност што има најниска просечна плата, помала од 20.000 денари, е заштитни и истражни дејности со 16.587 денари

Меѓу дејности чија просечна исплатена нето плата во септември не надминува 20.000 денари се и:

  • рибарство и аквакултура со 17.442 денари.
  • дејности за подготовка на оброци и служење на храна со 17.684 денари
  • услуги поврзан со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со 17.819 денари
  • туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив со 17.966 денари
  • објекти за сместување со 19.224 денари и
  • производство на мебел со 19.559 денари.

Фото: Freepik