Најплатени тенисери во светот

100

Тенисот или како што уште го нарекуваат – бел спорт за многу професионални спортисти носи огромна заработка што се мери во неколку стотици милиони долари.

Според магазинот Forbes, Швајцарецот Роџер Федерер е најплатен меѓу најдобрите рекети во светот. Вкупната заработка на Федерер е 106,3 милиони долари. Од тој износ, само 6,3 милиони долари се од тениската игра, додека 100-те милиони долари се од потпишани спонзорски договори.

Втор на листата е Србинот Новак Ѓоковиќ, кој според Forbes, оваа година заработи 44,6 милиони долари. Вкупно 12,6 милиони долари се однесуваат на заработка од турнири, додека 32 милиони долари Ѓоковиќ ќе инкасира од спонзорски договори. Зад Србинот се најде Шпанецот Рафаел Надал со заработени 40 милиони долари. Тенисот на Надал му донесе 14 милиони, додека од спонзорски договори ќе добие 26 милиони долари.

Четврт најплатен рекет е на Наоми Осака од Јапонија, благодарение на заработката од 37,4 милиони долари. Од игра Јапонката прокнижува 3,4 милиони долари, додека спонозорствата ѝ носат 34 милиони долари.

Првата петорка ја заокружува Серена Вилијамс, која на својата сметка годинава ќе додаде 36 милиони долари. Четири милиони долари се од тениски турнири, а 32 милиони долари од спонзорски договори.

Меѓу 10-те најплатени тенисери, според магазинот Forbes, се и: Кеи Нишикори (32,1 милион долари), Ешли Барти (13,1 милион долари), Данил Медведев (11,8 милиони долари). Доминик Тием (11,1 милион долари) и Симона Халеп (10,9 милиони долари).

Фото: Freepik