Најпопуларни интернет страници во 93-та, 2003-та и денес

64

Интернетот денес е неприкосновена алатка за секојдневна комуникација и начин на живот во услови на пандемија, но се поставува прашањето што се случувало пред 27 години?

Во далечната 1993-та година, најпопуларна интернет страница беше AOL или првиот официјален веб сајт на Apple. Тогаш биле регистрирани околу 20,4 милиони посети цела година. Во првите три најпосетувани страници таа година беа и: Prodigy (три милиони) и Compuserve (1,5 милиони).

Една декада подоцна, Yahoo го презема приматот на најпопуларна интернет страница со над 3,5 милиони посети, а зад него се MSN и AOL.

Пред седум години, односно во 2013 година, најпопуларни интернет страници беа: Google (18,6 милијарди посети), Facebook (13,9 милијарди) и YouTube (12,7 милијарди).

Денес, според податоците, топ три најпопуларни интернет страници беа: Google (81,4 милијарди посети), YouTube (33,5 милијарди) и Facebook (28,6 милијарди).

Фото: Pexels