Најпосакувано работно место: Дури 173.500 кандидати се пријавиле за работата

132

На еден оглас за вработување во автомобилската индустрија се пријавиле 173.500 кандидати.

Од сите пријавени, американскиот производител на автомобили Dodge избра десет финалисти за позицијата возач чија единствена работа ќе биде – дрифтање автомобили на различни настани (официјално Chief Donout Maker). Атрактивноста на оваа позиција е во тоа што поради неа победникот нема да мора да ја напушти сопствената работа бидејќи за викенди ќе работи за Dodge, пишува Ревија ХАК. Dodge нуди и дарежлива плата од 130.000 евра годишно (144.000 долари) и Dodge Challenger SRT Hellcat од 716 КС и погон на задните тркала како службен автомобил.

Возачот ќе биде амбасадор на марката и мора да се појавува  на собири на ентузијасти за да покаже што се способни моделите на Dodge.

Десетте финалисти ќе бидат префрлени во Radford Racing School во Аризона, каде ќе започне четиринеделното натпреварување, а конечната одлука за победникот ќе биде на 26 април. Од кандидатите беше побарано да достават двеминутно видео во кое ќе објаснат зошто се идеални за таа работа.