Најпрофитабилната компанија во светот за шест месеци прокнижи добивка од 46,9 милијарди долари

49

Најголемиот производител на нафта во светот, Saudi Aramco, во првата половина од оваа година прикажа нето добивка од 46,9 милијарди долари, што е пад од 12% во однос на 53,02 милијарди долари остварени во истиот период лани, пишува Reuters.

И покрај намалениот профит, компанијата и понатаму е најпрофитабилна во светот.

За споредба, американски Apple, како најпрофитабилната светска компанија што котира на берза, во првите шест месеци од оваа година заработи 31,5 милијарди долари.

Aramco наведува дека вкупните приходи, вклучувајќи ги другите приходи од продажба, изнесуваа 163,8 милијарди долари во првото полугодие, во однос на 167,6 милијарди долари во истиот период лани, и покрај пониските цени на нафтата и намаленото производство.

Фото: Facebook