Најскап град во светот е Цирих

23

Според истражувањето на швајцарскаат банка УБС, најскап град во светот е Цирих, по него е Осло и јапонскиот главен град Токио. На 17 место е Виена. Споредбата е направена со потрошувачката кошничка во која влегуваат 122 производи.

Така, споредбата покажала дека за еден Биг мек во Токио треба да се работи девет минути, а во Виена 14 минути. Вработен во Цирих може да купи  iPhone 4S ако работи 22 работни часа, во Виена е потребно за iPhone 4S да се работи 45,5 часа. Највисоки бруто плати се исплаќаат во Цирих, Женева и Копенхаген, но во Цирих платите најмногу вредат оти со нив можат да се купат најмногу производи.

Истражувањето покажало дека луѓето во Африка, Азија и на Блискиот исток работат најдолго. Во Европа работниците имаат најкратко работно време, а имаат и најмногу платени работни денови за време на одморот. Во Источна Европа цените на производите и платите се пониски отколку во Западна Европа.