Најскапата пица во светот чини 2.000 долари

30

pica

Храната и златото се чини дека се добитна комбинација во луксузните ресторани. Најновата закуска да добиете златен третман е пицата. Industry Kitchen, ресторан од Њујорк, во своето мени нуди златна пица којашто чини 2.000 долари, пишува Metro.

restoran

Пицата наречена 24К се состои од златни листови што се јадат, сирење Стилтон, тартуфи и кавијар од Каспиското море. Пицата се нарачува два дена однапред, а едно парче чини 250 долари.

“Пицата е исклучително богата со вкусови, а ако сте расположени за раскошни ноти, ова јадење е за вас“, вели главниот готвач на ресторанот, Браулио Бунеј.